Поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски сведочеше за „27 април“

407

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Владимир Атанасовски денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година.

Прв беше сослушан сведокот Марко Зврлевски, поранешен државен јавен обвинител, кој на прашање на одбраната рече дека ги познава обвинетите.






–  Со Владимир Атанасовски се имам сретнато само службено, но точно кога не се сеќавам. Причина за средбата билa службена, додека обвинетиот бил директор на Агенција за финансиско разузнавање. Друга посебна средба, ниту приватна, ниту службена не сум имал – изјави Зврлевски.

Пред сослушувањето на вториот сведок, Судот на барање на одбраната ја исклучи јавноста, бидејќи станува збор за поранешен вработен во УБК.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Следното рочиште е закажано за 18 март.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поврзани содржини