Поранешниот „човечки Кен“ остави само 20 отсто од желудникот: Повеќе не чувствувам глад! (ФОТО)

437

Џесика Алвес (37) на Инстаграм ја следат 1,2 милиони луѓе, а најпозната е по пластичните операции. Порано беше маж по име Родриго, а најпозната е по тоа што ја нарекуваа „човечки Кен“, затоа што сакала да изгледа како кукла. Името го промени минатата година, па сега се вика Џесика.

Ovo nije lutka, već muškarac koji je napravio više od 100 kirurških zahvata






Алвес се оперирала во Турција, а сега ѝ останало само 20 отсто од обемот на желудникот, така што повеќе не чувствува глад. Операцијата се изведува со отсекување на поголем дел од желудникот, при што неговиот капацитет е драстично намален.

Therapy: As well as a diet of detox drinks, Jessica added that 'body massages and therapy' are also helping her recover, with the star already looking to her next bout of surgery

Долго време се борела со вишокот килограми, за кои смета дека ги предизвикала хормонската терапија.

– Хормоните што ги земам поради транзицијата задржуваат многу течност во организмот, па само затоа сум постојано гладна – објаснила таа за „Мејл онлајн“.

Како што вели, сега консумира само пијалаци за детоксикација, а за во иднина планира уште една операција на носот и операција за феминизација на гласот.

Потрошила повеќе од 650.000 долари на пластична операција, a своевремено признала дека ѝ е жал што порано не започнала со трансформацијата во жена.

Додека била сè уште маж, ѝ биле вградени вештачки плочи во стомакот и оперирано лице. Таа сега го надградила својот изглед со операција на градите и колковите, а извадила и дел од ребрата.

Инфлуенсерката често е мета на критичарите поради количината на пластичните операции коишто потенцијално ѝ го загрозуваат животот. Иако во еден момент ветила дека ќе престане, сепак, продолжила со операциите.

24sata

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини