ПОРАНЕШНИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР СЕ ВРАЌА ВО ВЛАДАТА КАКО МИНИСТЕР Дејвид Камерон нов шеф на дипломатијата
Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи Камерон за министер за надворешни работи на местото на Џејмс Клеверли, кој сега е на чело на Министерството за внатрешни работи по разрешувањето на Суела Браверман.
Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон се враќа во владата. Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи Камерон за министер за надворешни работи на местото на Џејмс Клеверли, кој сега е на чело на Министерството за внатрешни работи по разрешувањето на Суела Браверман.
Министерот на финансии Џереми Хант ја задржува својата функција.
Сунак ја отстрани Браверман по нејзината критика за дејствувањето на британската полиција која е обвини дека е премногу мека кон пропалестинските демонстранти.
Разрешувањето на министерката за внатрешни работи е дел од пошироката промена во британската влада.
Владејачката Конзервативна партија објасни дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина“- пренесува ДПА.