ПОРАНЕШНИОТ БРИТАНСКИ АМБАСАДОР ВО САД ПУШТЕН СО КАУЦИЈА Се сомничи дека му пренел чувствителни информации на Епстин

Манделсон беше отстранет од функцијата минатиот септември по првиот бран откритија во скандалот со Епстин. Оттогаш му е одземен благородничкиот ранг и ја напушти Лабуристичката партија.

167

Поранешниот британски министер и амбасадор Питер Манделсон е ослободен со кауција по испрашувањето, објави утрово лондонската полиција.

Како што објавија британските медиуми, се истражуваат обвинувањата дека Манделсон му пренел чувствителни информации на американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.






Манделсон, истакната личност во државната политика и поранешен британски амбасадор во Вашингтон, беше приведен околу 17 часот вчера под сомнение за занемарување на должноста при вршење на јавна функција.

Манделсон не даде изјава за медиумите откако започна истрагата.

Манделсон, кој беше назначен за амбасадор во Соединетите Држави од страна на премиерот Кир Стармер во февруари лани, наводно му пренел информации на Епстин во врска со потенцијална продажба на британски имот.

Манделсон беше отстранет од функцијата минатиот септември по првиот бран откритија во скандалот со Епстин. Оттогаш му е одземен благородничкиот ранг и ја напушти Лабуристичката партија.

Неговото апсење следи по апсењето на Ендру, братот на британскиот крал Чарлс III, кој е исто така вмешан во скандалот со Епстин.

Поврзани содржини