ПОРАНЕШНИОТ АВСТРИСКИ КАНЦЕЛАР ИМА НОВА РАБОТА Курц ќе работи во американска компанија
„Kronen Zeitung“ и порталот „Heute“ објавија дека Курц им потврдил дека од првиот квартал на 2022 година ќе работи како глобален стратег во компанијата, основана од милијардерот Питер Тиел.
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, кој поднесе оставка поради обвинувања за корупција, од следната година ќе работи во САД за инвестициската компанија „Тиел Капитал“, објавија австриските медиуми.
Ќе работи како глобален стратег
„Kronen Zeitung“ и порталот „Heute“ објавија дека Курц им потврдил дека од првиот квартал на 2022 година ќе работи како глобален стратег во компанијата, основана од милијардерот Питер Тиел.
Да потсетиме, Курц поднесе оставка на функцијата канцелар на почетокот на октомври по повеќекратните обвинувања за корупција, а на почетокот на декември поднесе оставка од сите политички функции, вклучително и од претседателската функција на Австриската народна партија.
Тој е еден од десетте лица осомничени за корупција за користење на јавни пари за манипулирање со анкетите во негова корист, што му помогна да стане партиски лидер и канцелар во 2017 година. Курц ги негира сите обвиненија.
Хојт: Курц ќе отпатува на работа во САД
Хојт наведува, повикувајќи се на извори блиски до Курц, дека поранешниот канцелар ќе отпатува на работа во САД, додека неговото семејство ќе остане во Европа.
Роден во Франкфурт, Тиел е еден од основачите на „PayPal“ и важи за политички конзервативец.