Поранешната советничка на Трамп: Бракот на Меланија и Доналд е многу чуден, тој ѝ се гади

1,049

Омароса Манигулт Њуман, поранешна блиска советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, ја напиша книгата „Unhinge“, во која од прва рака открива разни информации од Белата куќа.

Најмногу прашина во веќе напнатата атмосфера помеѓу сопружниците и актуелните претседателски изборикрена со тоа што напиша дека врз основа на она што го знае за Доналд, но и за Меланија, смета дека на првата дама, всушност, ѝ се гади од нејзиниот сопруг.






– Тоа е еден многу чуден брак. Обично сум многу внимателна кога зборувам за односите на другите луѓе, бидејќи никогаш не знаете што се случува зад затворени врати, но ги познавам двајцата уште пред да се венчаат. Во тие 17 години, видов навистина сè, би ви се завртело во главата. Повремено се сакаат, но тој, всушност, ѝ се гади – објаснила поранешната советничка на Трамп за време на гостувањето во британската телевизиска куќа ИТВ, во утринската емисија „Лорен“.

Своето мислење го поткрепила со долгогодишното познанство, но како што вели, и со она што го гледа. Како пример ја посочила неодамнешната ситуација кога Меланија ја оттргнала раката пред сите откако Доналд ја фатил. Омароса тврди дека ова е јасен показател за реалната состојба на работите.

 

Поврзани содржини