Поранешната соработничка на Меланија изнесе страшни детали за првата дама

2,609

Мемоари на поранешната соработничка на американската прва дама Меланија Трамп откри не баш пријатни детали за Белата куќа воочи изборите на кои нејзиниот сопруг Доналд Трамп ќе побара нов мандат на чело на Америка, напиша ВВС во вторникот.

Во книгата „Меланија и јас“, објавена во вторникот, Стефани Винстон Волкоф тврди дека за време на нејзиното поранешно пријателство со Меланија, била сведок на „измами“.






Белата куќа ја нарече книгата „бизарно изобличување на вистината“.

Винстон Волкоф долги години работи за списанието „Вог“, организирајќи им ги социјалните настани, а во својата книга ги опишува тензиите помеѓу госпоѓа Трамп и нејзината поќерка Иванка Трамп, која Меланија наводно често ја нарекува „принцезата“.

Книгата вели дека Меланија, обожавателка на емотикони, еднаш на авторката ѝ испратила СМС-порака во која ги прикажува Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер како змии, пренесува Би-би-си.

Винстон Волкоф изјави дека нејзиното 15-годишно пријателство со Меланија завршило пред две години откако првата дама ја „предала“ затоа што не сакала јавно да ја брани од обвинувањата за финансиска измама за време на организацијата на инаугурацијата на Трамп.

Таа напишала дека чувствува дека „добила нож во грбот“ од личност која значително се променила во меѓувреме.

Портпаролката на првата дама одговори дека „книгата не е само полна со недоверба и параноја, туку се базира и на некоја замислена потреба за одмазда“.

„За жал, таа е длабоко несигурна жена чија потреба да биде релевантна не одговара на логиката.“

Винстон Волкоф исто така напиша детали за приватниот живот на Меланија и Доналд Трамп, како и за инцидентот кога Меланија слушнала снимка од Access Hollywood во која нејзиниот сопруг се фали дека фаќа жени за меѓуножје затоа што е познат.

„Таа беше насмеана. Како ништо да не се случило“, пишува авторката. „Таа знаеше со кого се омажи. Таа знаеше во што влегува, а знаеше и тој“, заклучува Винстон Волкоф.

Поврзани содржини