📷 ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА ПУТИН ОСТАНА БЕЗ ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА АЗУРНИОТ БРЕГ Француските власти го конфискуваа имотот
Вилата „Сузана“ близина на градот Англет, купена е за 5,4 милиони евра во декември 2013 година - 6 месеци откако беше објавен разводот на Људмила со Владимир Путин, а регистрирана е на нејзниниот нов сопруг, рускиот претприемач Артур Очеретни.
Судот во Франција ја конфискува луксузната вила на поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила Очеретнаја сместена на атрактивна локација на Азурниот брег. Одлуката е донесена на 6 декември 2023 година, пишува Челенџес.
Вилата „Сузана“ е со површина од 450 квадратни метри, има 8 спални соби и околина од 5.000 квадратни метри и се наоѓа во близина на градот Англет. Купена е за 5,4 милиони евра во декември 2013 година – 6 месеци откако беше објавен разводот со Владимир Путин, а регистрирана е на новиот сопруг на Људмила, Артур Очеретни.
Court in France arrests the villa of Putin’s ex-wife
The court in France arrested the villa of Vladimir Putin’s ex-wife Lyudmila Ocheretnaya. The decision was taken on December 6, 2023, writes Schallenges.
It is about 450-meter villa “Suzanne”, located near Biarritz, in the… pic.twitter.com/5rhUl5JrgD
— NEXTA (@nexta_tv) April 17, 2024
Според весникот, куќата е празна и претходно била претресена како дел од истрагата на обвинителството по жалба на Транспаренси интернешнал, откако активистите за човекови права побараа да се потврди потеклото на парите со кои е купена луксузната вила.
Сега вилата изгледа напуштена и никој не живее таму, а на влезната капија и на ѕидовите што ја опкружуваат испишани се графити против Путин.
Вилата првпат излезе на виделина во 2017 година, кога новинарите од Центарот за проучување на корупција и организиран криминал (OCCRP) објавија истрага за финансиите на рускиот претприемач Артур Очеретни. Според документите кои ги проучувале новинарите, вилата била купена кон крајот на 2013 година.
Вилата во „арт деко“ стил наречена Ревери била изградена во 1930-тите, подоцна била преименувана во „Вила Сузана“ според името на нејиниот покровителка, вдовица на лондонски банкар.