Поранешната сопруга на Елтон Џон: Се обидов да се убијам на нашиот меден месец (ВИДЕО)

Блауел вели дека се предозирала со Валиум, откако нејзиниот сопруг и рекол „бракот не функционира и дека сака да си замине“ на третиот ден од нивниот престој во Ст. Тропе.

1,597

Поранешната сопруга на Елтон Џон, Ренате Блауел, се обидела да се самоубие на нивниот меден месец во 1984 година, според документите доставени до Високиот суд во Лондон, пренесува „ВВС“.

Блауел вели дека се предозирала со Валиум, откако нејзиниот сопруг и рекол „бракот не функционира и дека сака да си замине“ на третиот ден од нивниот престој во Ст. Тропе.






Тврдењето беше дел од нејзината тужба против пејачот, поднесена претходно оваа година, во износ од 3 милиони фунти како отштета од Елтон Џон, наводно, поради кршење на условите на нивниот договор за развод, откако го спомнал нивниот брак во неговата автобиографија во 2019 година и филмот „Rocketman“.

Таа вели дека тоа ги влошило нејзините долгогодишни проблеми со менталното здравје, бидејќи се нашла во медиумите и во центарот на вниманието на јавноста и, наводно, потрошила илјадници фунти на терапија.

Нејзиниот адвокат наведе долгогодишен обид за самоубиство и серија напади на паника за време на нивниот брак, како доказ за долгогодишните ментални проблеми од кои страда неговиот клиент.

Инженерката за звук со потекло од Германија, Блауел била во брак со Сер Елтон четири години и го држеа надвор од очите на јавноста уште од 1988 година, кога бракот официјално заврши.

Адвокатите на Елтон Џон го потврдија постоењето на договорот за развод, кој беше потпишан од обете страни, но отфрлија какво било прекршување на условите или нанесување на „психолошка штета“.

Елтон Џон денес е среќно оженет со маж.

Поврзани содржини