ПОРАНЕШНАТА ПОРНО-ЅВЕЗДА БОЛЕДУВА ОД РЕТКА БОЛЕСТ Повеќе не може ниту да оди (ФОТО)

Нејзиниот партнер Лиор Битон објавил на Инстаграм дека поранешната порно-ѕвезда се наоѓа во болница во лоша состојба.

1,162

Поранешната порно-актерка Џена Џејмисон (47) откри дека боледува од Гилејн-Баре синдром, ретко невролошко нарушување кое предизвикува имунолошкиот систем да ги оштетува  нервните клетки на сопствениот организам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)






Нејзиниот партнер Лиор Битон објавил на Инстаграм дека поранешната порно-ѕвезда се наоѓа во болница во лоша состојба, не може ниту да оди. Откриено е и дека тоа не е реакција на вакцината бидејќи Џејмсон не била вакцинирана.

„Еј луѓе, најпрво сакам да ви се заблагодарам на сите за љубовта и поддршката што ми ја испративте во пораките. Ве видов сите и го ценам тоа. Лекарите се сомневаат дека се работи за Гилен-Баре синдром и започнаа со IVIG терапија. Моментално сум во болница и ќе останам тука додека не заврши терапијата. Се надевам наскоро ќе си одам дома. П. С. Не сум вакцинирана против коронавирус или што било друго. Ова НЕ Е реакција на вакцината. Ви благодарам за грижата“, напишала поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни на својот Инстаграм во описот на фотографијата од болницата.

По таа објава, нејзиниот партнер го презеде управувањето со нејзиниот профил и откри дека нејзината состојба се влошила откако си заминала дома.

„Се врати дома и не можеше да оди. Мускулите на нозете ѝ беа многу слаби, така што не можеше да оди ниту до бањата. Падна на подот, па морав да ја кренам и да ја однесам во кревет. А потоа во рок од два дена ѝ стана уште полошо, нозете ѝ откажаа и повеќе не можеше да оди“, открива Битон.

Џена била вратена во болница каде ја снимиле со магнетна резонанца.

Џена Џејмисон била една од најголемите ѕвезди во порно-индустријата, а во 1993 година почнала да снима филмови за возрасни, како што рече, поради одмазда за неверството на нејзиното тогашно момче, мајсторот за тетоважи, Џек.

Џена во својата книга открила дека на 16-годишна возраст била жртва на групно силување, а на тој период наводно била силувана и од вујкото на Џек, кој тоа го негирал. Била зависна од опијати, пред се ЛСД, кокаин и метамфетамин.

Двапати се мажела, првиот пат со колегата и сопственик на порно-компанијата Бред Армстронг, со кого била во брак 10 недели, а вториот пат со сопственикот на порно-студио Џеј Грдин. Со Грдин била во брак три години, а во тој период открила и дека боледува од рак на кожата кој го отстранила со операција. Таа потоа добила близнаци со борецот на УФЦ Тито Ортиз, со кого се разделила во 2013 година, а со сегашниот партнер Лиор Битон во 2017 година, ја добила ќерката Бател Лу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

Поврзани содржини