Поранешната на Џони Деп имала секс во тројка со Илон Маск и славна манекенка ФОТО

1,653

Кара Делевињ, Амбер Херд и Илон Маск наводно имале секс во тројка пред четири години, веднаш откако Амбер се разделила од Џони Деп.

Манекенката и актерка Кара Делевињ е последното познато име кое е поврзано со скандалозниот развод на Амбер Херд и холивудскиот шмекер Џони Деп.





Наводно токму таа се имала афера со поранешната сопруга на Деп во неговиот стан во Лос Анџелес во 2016 година, а во сето тоа им се придружил и милијардерот Илон Маск, пишува „Дејли мејл“.

Славното трио имало афера наводно веднаш по разделбата на Амбер од Деп. Извори блиски до актерката истакнуваат дека Деп не ја отфрлил можноста за поврзување на Кара на суд, за да ги искористи сите информации кои што таа ги има против 34-годишната поранешна сопруга.

Веќе претходно тој побарал Илон Маск и Џејмс Франко на суд да ги предадат пораките и мејловите.

„Во овој случај може уште многу да се открие“, заклучиле експертите кои од самиот почеток го следат случајот со нивниот развод.

Џини Деп поднесе тужба против Амбер Херд, откако таа во „Вашингтон пост“ објави дека е жртва на семејно насилство, на што актерот остро реагираше и истакна дека никогаш не кренал рака на неа. Оттогаш, адвокатите почнаа да собираат бројни пораки што ги разменувале Херд и Деп со пријателите, а во кои се наведени детали од нивниот однос.

johnny depp,Cara Delevingne,Amber Heard,Elon Musk,Hollywood

Поврзани содржини