Ана Сасо, Мис на Југославија и според многумина една од најубавите жени во поранешна Југославија, денес има 57 години, но изгледа двојно помладо.
Убавицата од Сплит ги почестила своите обожаватели на Инстаграм со дури 20 фотографии во костим за капење, а позирала во море, потсетувајќи ги многумина на познатата реклама во која во влажна маица излегува од морето.
Ана Сасо сè уште ја одржува истата физичка форма како тогаш, а екипата на Инстаграм е воодушевена од тоа што го видела. Тие ѝ пишуваат дека не можат да поверуваат дека таа на 57 години изгледа како двојно помлада девојка.
И по 37 години од снимањето на познатата реклама, Ана без проблем би можела повторно да ја одигра истата улога во рекламата и никој не би забележал дека поминале толку години, затоа што убавата Ана сѐ уште е волшебна и има иста фит линија како пред четири децении.
ФОТО: Инстаграм