Поранешната мис на светот откри: Хирургот направи грешка, цел нос ми се распадна ФОТО

1,661

На фотографијата од доцните тинејџерски години, боливудската убавица позира во бел годен дел од бикини и бели панталони, а рацете „манекенски“ ги држи на колковите.

Холивудската актерка, Пријанка Чопра (38), која може да се пофали со титулата Мис на светот, објави уште една фотографија од раната младост на Инстаграм, но нејзините следачи не оставија баш позитивни коментари. Тие велат дека „денес не личи на себе“.






Една година откако во 2000 година ја понела титулата Мис на светот, Пријанка се подложила на хируршки зафат – отстранување на полип од носната празнина.

Минатиот месец Пријанка зборуваше за своите мемоари „Незавршено“, каде зборува и за агонијата низ која поминала поради малтретирањето на кое била изложена по неуспешната операција на носот. Тогаш, рекла актерката, ѝ го дале прекарот „пластична Чопра“.

Пријанка во своите мемоари признава дека имала корекции на носот. Причината за тоа била полипектомија, но сепак, операцијата не поминала добро, па затоа, таа била мета на потсмев низ цела Индија.

„Полипектомијата ми звучеше како рутинска процедура. Во мојот случај, хирургот отстрани дел од носот, што предизвика „нарушување“ на целиот нос“, пишува Пријанка.

Следувале уште неколку естетски процедури, сè додека Пријанка не се навикнала на своето ново лице.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини