🎥 ПОРАНЕШНАТА КАРАУЛА ЌЕ СТАНЕ МОДЕРЕН ДЕТСКИ КОМПЛЕКС Спортски терени и сместувачки капацитети во Старо Коњарево ветува Божинов

Оваа караула некогаш беше граница и разделба, но јас ја гледам како нов почеток и како место што ќе ги обедини децата и младите. Тука ќе изградиме комплекс каде што ќе се слуша детска смеа, ќе се игра спорт и ќе се создаваат шампиони, вели Ѓорѓе Божинов, кандидат за градоначалник на општината Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ.

153

Најважна инвестиција е онаа во иднината, а нашата иднина се нашите деца. Затоа во Старо Коњарево на местото на поранешната караула ќе изградиме модерен детски рекреативен комплекс, вели Ѓорѓе Божинов, кандидат за градоначалник на општината Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таму ќе има спортски терени, сместувачки капацитети и простор за игра, спорт и за забава. Тоа ќе биде дом за младите од целата наша општина, но и место каде што ќе се организираат натпревари и дружења со младите од цела тадржава и пошироко“, вели Божинов во видеопорака.






Овој комплекс ќе биде симбол на младоста и иднината на општина Ново Село, додава тој.

„Оваа караула некогаш беше граница и разделба, но јас ја гледам како нов почеток и како место што ќе ги обедини децата и младите. Тука ќе изградиме комплекс каде што ќе се слуша детска смеа, ќе се игра спорт и ќе се создаваат шампиони“, вели Божинов.

Поврзани содржини