🎥 ПОРАНЕШИОТ СОПРУГ НА СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ПОЧИНА НЕНАДЕЈНО Ја загуби борбата со ракот

Американската пејачка, Кели Кларксон, ги информираше обожавателите дека морала да одложи некои настапи бидејќи таткото на нејзините деца бил болен, но за жал, починал по борбата со ракот.

163

Поранешниот сопруг на Кели Кларксон, Брендон Блексок, почина на 48 години. Американската пејачка, Кели Кларксон, ги информираше обожавателите дека морала да одложи некои настапи бидејќи таткото на нејзините деца бил болен, но за жал, починал по борбата со ракот.

Имаше само 48 години. Веста за неговата смрт се појави во јавноста веќе следниот ден, оставајќи ги обожавателите да се прашуваат што точно се случило со Блексток – и која била неговата конечна дијагноза.






Обожавателите првпат дознаа за болеста на Блексток на 7 август, кога победничката на „Американски идол“ Кели одеднаш ги откажа преостанатите настапи на нејзината резиденција во Лас Вегас.

„За жал, морам да ги одложам моите преостанати датуми за студиската сесија во Лас Вегас“, објави Кларксон на Инстаграм. „Иако вообичаено го чувам мојот приватен живот подалеку од очите на јавноста, оваа година таткото на моите деца беше болен и токму сега морам да бидам целосно присутна за нив.“

Потоа им се извини на обожавателите и напиша: „Навистина ми е жал на сите што купија билети за концерт и многу го ценам вашето трпение, љубезност и разбирање“.

По пеколниот развод, борбата на познатата пејачка против мажот со кого мислеше дека ќе остари продолжи на суд. Популарната пејачка и водителка Кели Кларксон (41) повторно го тужеше својот поранешен сопруг Брендон Блексток минатата година.

Таа поднесе тужба против Блексток и менаџерската компанија „Старстрак ентертејнмент“, која е во сопственост на неговиот татко, Нарвел Блексток, во Вишиот суд на округот Лос Анџелес, објави „Ролинг стоун“.

Претходно му беше наредено од суд да ѝ исплати на Кели 2,6 милиони долари, откако беше осуден дека и наплаќал провизии за деловните зделки за кои немал соодветна лиценца.

Кели Кларксон и Брендон Блексток се запознаа преку неговиот татко, кој беше менаџер на пејачката и некогаш најголема надеж на американската музичка сцена. Нивната љубов започна во 2012 година, а тие се венчаа само неколку месеци подоцна.

Двојката прво ја доби ќерката, Ривер Роуз, во 2014 година, а потоа и синот, Ремингтон Александар, во 2016 година, и изгледаа како хармонично семејство. Затоа сите беа изненадени од веста од 2020 година – дека Кели Кларксон се разведува поради „непомирливи разлики“. Разводот официјално беше финализиран во 2021 година, а оттогаш пејачката беше во постојана „војна“ со Блексток.

 

 

Поврзани содржини