ПОРАНЕШЕН ОБЕЗБЕДУВАЧ ПРИВЕДЕН СО РАМКА ОД ПИШТОЛ Возел „мерцедес“ регистриран на фирмата на Митовски од Инфомакс

По пензионрањето, обезбедувачот работел за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а бил во блиски семејни односи со сопственикот на Инфомакс.

1,291

Попладнево во Скопје полициски службеници отстраниле од сообраќај возило од марката Мерцедес кое било управувано од страна на лицето Ниневски Н. поранешен припадник на шестата управа во МВР – објави Радио Лидер, повикувајќи се на извори во полицијата.

Возилото било регистрирано на име на компанијата на Александар Митовски, главен уредник на порталот Инфомакс.мк.






– Кај возачот беше пронајдена рамка од пиштол, по што тој е приведен во полициската станица БЕКО каде што дава исказ до доцна вечерва. – брифираат за Радио Лидер извори од полицијата.

Како што дознава Радио Лидер, возачот на автомобилот на Митовски е поранешен припадник на шестата управа при МВР, кој бил обезбедување и на поранешниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли. По пензионрањето, тој работел за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а бил во блиски семејни односи со сопственикот на Инфомакс.

Настанот се случил по денешното судење за случајот во кој лице насилно упадна во редакцијата на Инфомакс за време на подкаст во живо.

– Денес имавме рочиште за напаѓачот врз „Инфомакс”, бевме сите таму, истиот беше осуден. Тенденцијата против нас е јасна, друго немам што да искоментирам – изјави Митовски за Радио Лидер.

Во судскиот процес, Судот оцени дека со инцидентот била загрозена безбедноста на новинарите и правото на јавноста да биде информирана, но изрече условна казна поради здравствената состојба на обвинетиот.

Поврзани содржини