Поранешниот фудбалер на Вардар, нигерискиот напаѓач, Ибе Зито Огбона, бил повреден откако ракета го погодила неговиот дом во Израел.
Тој со возило на Брза помош бил однесен во болница каде му биле санирани раните, а на Фејсбук објави снимка дека е жив и здрав.
„Жив сум и добар сум, но мојот дом е срушен“, истакна Огбона.