ПОРАКА СО ЗАКАНИ СТИГНАЛА КАЈ НЕКОЛКУ ПРАТЕНИЦИ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ Заканата била испратена од непозната електронска адреса

Случајот бил пријавен во полиција од претставник на политичка партија.

2,416

Неколку пратеници во македонското Собрание на служвените електроснки адреси добиле порака со заканувачка содржина испратена од непозната адреса. Случајот бил пријавен во полиција од претставник на политичка партија.

„На 25.07.2024 во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина. За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.

 

Поврзани содржини