ПОРАКА НА ЕДИНСТВО СТАРА 1100 ГОДИНИ Мицкоски порача дека делото на Кирил и Методиј има моќ да ја менува реалноста

Лидерот на ВМРОД-ДПМНЕ рече дека неговата „цел е да ги надминeме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна“.

300

„Светите браќа Кирил и Методиј не се само словенски просветители, тие се рамноапостоли и прогласени за заштитници на Европа. Тоа само го покажува големото дело кое го оставиле зад себе, дело кое после повеќе од еден милениум сè уште е живо како никогаш до сега“.

Вака го започна својот говор на панелот „Свети Кирил и Методиј – Стожер на постоењето!“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вели дека пораката на просветителите тлее 1100 години и има моќ да ја менува реалноста.






– И ако не беше нивната духовна сила, и школа немаше да биде ниту Св. Климент и Св. Наум, кои се најсилната греда врз која се потпира и нашата света православна црква, но и нашата писменост. Затоа Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, над 1100 години потоа содржејќи ја универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста.

Тој говореше и за актуелните проблеми во македонското општество, за корупцијата и за иселувањето на младите, а спомна и дека e поразително што десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, а над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија. Лидерот на ВМРОД-ДПМНЕ рече дека неговата „цел е да ги надминeме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна“.

Мицкоски најави ново поглавје во македонската политика кое ќе се стемели на одговорност, морал и на вредности „кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува“.

– За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме. Многумина од вас овде се гледаат на различни позиции, функции и места, но никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот. Бидете свесни дека секое ваше потфрлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење – рече Мицкоски и додаде:

– Ќе се навратам на зборовите кажани овде. „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво?“ Мораме да сеобединиме под исто знаме, под исто небо и да работиме за заедничката иднина.

 

Поврзани содржини