ПОРАКА ДО ПУТИН ЗА БРОДОТ „ЈАНТАР“ KAJ ШКОТСКА Британците се спремни да пукаат
Британскиот министер за одбрана го оцени потегот како „многу опасен“ и предупреди дека евентуално нарушување на границата би значело сериозен безбедносен ризик. Од руската амбасада во Лондон остро реагираа, тврдејќи дека „Јантар“ е научно-истражувачки брод кој се наоѓа во меѓународни води.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили ја упати најдиректната порака до Москва по инцидентот со рускиот брод „Јантар“ кој, според него, „шпионирал“ долж британските подводни кабли.
– Ако бродот тргне на југ, ќе реагираме – изјави тој, додавајќи дека Велика Британија има подготвени воени опции, јави Би-Би-Си.
Во меѓувреме, британското министерство за одбрана соопшти дека бродот се наоѓа „на работ на британските територијални води северно од Шкотска“.
Притоа, британската морнарица ја следи руската единица со фрегатата „HMS Somerset“. Хили го оцени потегот како „многу опасен“ и предупреди дека евентуално нарушување на границата би значело сериозен безбедносен ризик.
The UK threathens to seize/act against the 🇷🇺 Yantar, a special purpose intelligence ship which is apparently sailing north of Scotland. (AIS switched off)
British forces posted photos https://t.co/yKoV5JE8Wk pic.twitter.com/YhxDz5Z1Xn
— MenchOsint (@MenchOsint) November 19, 2025
– Јантар е дел од руските капацитети за подводно војување и може да испушта подморници – изјави пензионираниот шеф на британската разузнавачка служба Ричард Дирлав. Тој нагласи дека инфраструктурата на Обединетото Кралство, каблите, енергетските врски и гасоводите, се реална ранливост.
Од руската амбасада во Лондон остро реагираа, тврдејќи дека „Јантар“ е научно-истражувачки брод кој се наоѓа во меѓународни води.
„Би било разумно Велика Британија да се воздржи од деструктивни чекори“, соопштија од амбасадата.
Понатаму, британските воени извори потврдија дека ова е прв обид „Јантар“ да го попречи радарскиот надзор на Кралските воздухопловни сили. Хили додаде дека последната година британската одбрана регистрирала над 90.000 сајбер-напади, а инцидентите со руски беспилотни летала и повреди на воздушниот простор на НАТО се зголемиле двојно.
– Гледаме што правите и подготвени сме – нагласи Хили, порачувајќи дека Лондон нема намера да се повлече пред притисокот.
Дирлав заклучи дека британската поддршка за Украина ја направила земјата мета на Москва и дека – де факто сме во војна со Русија.