Поради заболени ракометари со ковид-19, одложен натпреварот Вардар-ПСЖ

Од клубот велат дека веднаш била информирана Европската ракометна федерација (ЕХФ) која треба да го закаже дуелот во друг термин.

228

Македонскиот ракометен гигант Вардар 1961 на својата фејсбук страна соопшти дека е одложен натпреварот од Лигата на шампионите против францускиот претставник ПСЖ.
Овој натпревар беше закажан за 10 декември 2020 година во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

РК Вардар 1961 ја известува јавноста дека во своите редови се појавија новозаразени членови од ковид-19.






Од клубот велат дека веднаш била информирана Европската ракометна федерација (ЕХФ) која треба да го закаже дуелот во друг термин.

Во групата „А“ „црвено-црните“ предводени од тренерот Стевче Алушовски се на шестата позиција со три бода од пет натпревари, а ПСЖ е четвртопласиран со шест бода од шест натпревари.

Поврзани содржини