ПОРАДИ ВИРУС ПОВЕЌЕ ОД 300 ЛУЃЕ ВО БОЛНИЦА Масовна инфекција во Италија, властите го истражуваат потеклото
Градоначалникот на Тори дел Бенако, Стефано Никотра ги предупреди граѓаните да не ја користат водата од водоводот за пиење, миење на храната и за готвење.
Во италијанската општина Тори дел Бенако на езерото Гарда регистрирани се повеќе од 900 случаи заразени со норовирусот, а над 300 се хоспитализирани поради дијареја, мачнина, грчеви или треска.
Се претпоставува дека вирусот се проширил преку водоводот и водата за пиење.
Градоначалникот на Тори дел Бенако, Стефано Никотра ги предупреди граѓаните да не ја користат водата од водоводот за пиење, миење на храната и за готвење.