ПОРАДИ УЛОГИ СЛАБЕЕЛЕ, СЕ ДЕБЕЛЕЕЛЕ, АМА ВАДЕЛЕ И ЗДРАВИ ЗАБИ Седум актери и актерки кои претераа кога се подготвуваа за улога

Некои холивудски ѕвезди направиле сè што можат за да бидат што е можно поубедливи во улогата што им била дадена, а некои од нив, дури и претерале во желбата да го покажат својот актерски талент.

120

Глумата не е толку лесна како што изгледа. За убедливо да се толкува ликот на сцената или во филм или серија, не е секогаш доволно само да се совладаат дијалозите и правилно да се реагира на глумата на колегите. Улогите понекогаш бараат многу поголема жртва, особено ако актерите и актерките сакаат да ги освојат најпрестижните награди.

Некои холивудски ѕвезди направиле сè што можеле за да бидат што е можно поубедливи во улогата што им е дадена, а некои од нив, дури и претераа во желбата да го покажат својот актерски талент.






Ен Хатавеј

Ен Хатавеј ослабе дури 11 килограми за само две недели за улогата на пожртвуваната мајка Фантина во филмскиот мјузикл „Клетници“ (2012). Наводно, го постигнала ова такашто во овој период јадела само овесна каша.

Шаја Лебеф

Ексцентричниот 35-годишен актер побарал од стоматолог да му извади совршено здрав заб за неговата улога како Бојд Свон во воениот филм „Бес“ (2014)! Тој исто така често правел мали посекотини на лицето, иако било можно да се постигне истиот ефект со шминка.

Хали Бери

Хали Бери играше зависничка од дрога во филмот на Спајк Ли „Љубовна грозница“ (1991). Таа сакала да се покаже во најдобро светло пред познатиот режисер, па затоа решила навистина да се посвети на улогата. За да открие каков е всушност животот на зависник од дрога, познатата актерка не се бањала ниту туширала две недели, а некое време дури и живеела на улица.

 

Ештон Качер

Во 2013 година беше објавен првиот од биографските филмови за Стив Џобс, наречен „Џобс“, во кој неодамна починатиот претприемач и визионер го играше Ештон Качер. Познатиот актер, сепак, не се задоволил само со имитирање на основачот на Apple, туку решил да ја испроба својата диета, која понекогаш вклучувала консумирање само еден вид овошје, на пример, јаболка или грозје. Ова не завршило добро за Качер, бидејќи поради оваа диета завршил во болница не еднаш, туку двапати.

Лејди Гага

Лејди Гага ја игра Патриша Реџани во филмот „Гучи“ (2021), поранешната сопруга на Маурицио Гучи, тогашниот шеф на познатата италијанска модна куќа. Американската пејачка и актерка неодамна изјави за британското издание на списанието „Вог“ дека за улогата зборувала со италијански акцент девет месеци, дури и кога не била на снимање.

 

Ед Харис

Холивудскиот ветеран Ед Харис постигнал една од своите најдобри улоги во биографскиот филм „Полок“ (2000). За да го прикаже Џексон Полок во овој филм што е можно поверно, Харис изградил студио за сликање во својот дом во Лос Анџелес и научил да слика во речиси идентичен стил како и познатиот американски уметник.

Даниел Деј-Луис

Апсолутен шампион во категоријата најголема жртва заради веродостојност на големото платно е Даниел Деј-Луис. За време на снимањето на филмот „Моето лево стапало“ (1989), во кој ја играше Кристи Браун, човек со церебрална парализа кој може да ја користи само левата нога, трикратниот добитник на Оскар бараше да биде возен со количка низ сетот, да го креваат од истата и да го хранат. Тој беше во оваа улога цело време, па дури и научи да слика со четка помеѓу прстите на ногата, како ликот што го играше во филмот.

Поврзани содржини