Поради топлотниот бран да се ослободат од работа бремените и повозрасните од 60 години

228

Министерството за труд и социјална политика ги повика работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови почнувајќи од утре до недела.






Од Министерството потенцираат дека треба да се почитуваат следните општи мерки: ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавци на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Поврзани содржини