ПОРАДИ СВЛЕЧИШТЕ ЗАТВОРЕНА ОБИКОЛНИЦАТА ОКОЛУ БИТОЛА Сообраќајот пренасочен низ градот
Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот, информираат од АМСМ.
Поради свлечиште од вчера во 18:30 часот затворена е за сообраќај обиколницата околу Битола, а сообраќајот се преносочува низ градот. Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.