ПОРАДИ СТРОГАТА ДИЕТА Ѝ СЕ ВРАТИЛА ПСОРИЈАЗАТА Ким Кардашијан не можела да ги мрда рацете
Ким јаде растителна исхрана, а почнала повторно да јаде вистинско месо за да изгуби што повеќе килограми за да може да го облече култниот фустан на Мерилин Монро.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) за магазинот „Алур“ откри дека болеста на кожата со која се бори со години, се вратила поради нејзиното драстична диета пред најголемиот моден настан Мет Гала. Ким се појави во фустанот на Мерилин Монро, а за да влезе во него, се подложила на строг режим на исхрана.
View this post on Instagram
Ким јаде растителна исхрана, а почнала повторно да јаде вистинско месо за да изгуби што повеќе килограми за да може да го облече култниот фустан на Мерилин Монро. Псоријазата ѝсе појавила како реакција на месото.
– Псоријазата ми изби на телото и добив псоријатичен артритис, па не можев да ги мрдам рацете. Беше исклучително болно и морав да одам на ревматолог, кој ми даде стероиди. Бев целосно избезумена – раскажала Ким.
– Повторно престанав да јадам месо и се смири – додала таа.
View this post on Instagram
Во разговорот признала и дека користи ботокс, но во мали количини и дека го става меѓу веѓите. Тврди дека никогаш не инјектирала филери и deka воопшто не носи вештачки трепки.
– Не. Никогаш не сум имала екстензии на трепките. Никогаш не сум направил ништо. Денес имам само малку маскара. Никогаш не сум вбризгалa филери во моите образи. Никогаш не сум ги напумпала усните – тврди Ким.
ФОТО: Инстаграм