Маск вчера напиша дека „цените на акциите на Тесла се премногу високи“, а покрај намалувањето на вредноста на компанијата, овој потег му го испразни џебот на Маск за 3 милијарди долари.
Акциите на Тесла вределе околу 760 долари пред објавата на Маск, а после тоа паднале на 700 долари.
Сепак, акциите наскоро почнале да се враќаат и на крајот на тргувањето, вредноста на една акција изнесувала 701 долари.
Твитот се појавил по низа објави, од најaвата на „продавање на физичкиот имот“ и дека „нема да има куќа“.
– Многу е ретко, генералниот директор да признае дека цената на акциите е превисока и таквата процена треба да се награди, а не да се казни – објаснил експертот Џон Кофи.
Tesla stock price is too high imo
— Elon Musk (@elonmusk) May 1, 2020