Поради пожар евакуирани 4.000 лица во Холандија

Пожарот во природниот резерват Де Мајнвег гори веќе два дена.

312

Околу 4.000 луѓе беа евакуирани рано утрово од населбата Херкенбош, на југот на Холандија, поради голем пожар кај блискиот природен резерват.

Градоначалничката Моник де Бир изјави дека одлучила да ги евакуира сите жители за да спречи вдишување на токсичен чад. Евакуацијата започна непосредно пред полноќ и целата населба беше отсечена од светот од 6 часот попладне. Нема информации за повредени и настрадани.






Пожарот во природниот резерват Де Мајнвег, на границата меѓу Холандија и Германија, што избувна на околу 200 километри југоисточно од Амстердам и 50 километри западно од Дизелдорф, гори веќе два дена.

Поврзани содржини