Поради повреда Погба ќе паузира неколку недели
Меѓу натпреварите што Погба ќе ги пропушти поради повредата се пресметките против Вест Хем во англискиот ФА куп, во вторник, и против Реал Сосиедад во рамки на шеснаесетфиналето во Лига Европа, на 18 и 25 овој месец.
Францускиот играч за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ќе отсуствува од фудбалските терени неколку недели, откако го повреди десниот бут за време на саботниот натпревар против Евертон (3:3), обелодени вечерва тренерот Оле Гунар Солскјер.
– Тоа е повреда што бара неколку недели рехабилитација. Тој штотуку го започна процесот на закрепнување во координација со медицинскиот тим на клубот и ќе го вратиме на теренот што поскоро и безбедно. Пол ни е многу важен и нема да ризикуваме – изјави Солскјер.