Поради поправка на заштитно јаже поголем дел од Скопје утре нема да има струја
Без електрична енергија ќе останат 261 дистрибутивни трафостаници и околу 35 268 броила.
На барање на МЕПСО, утре во периодот од 03.55. до 07.00 часот, Електродистрибуција ќе обезбеди безнапонска состојба на 110 кВ трафостаница „Југ Нова“. Во тој период екипите на МЕПСО ќе работат на санација на оштетено заштитно јаже.
Поради тоа, без електрична енергија ќе останат 261 дистрибутивни трафостаници и околу 35 268 броила во регионот на:
СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: Веро-центар, Народна Банка, поголем дел од централното градско подрачје, населба Пролет, собрание на РСМ, Црвен крст , УЈП, Тутунски Комбинат , ГТЦ,
СКОПЈЕ – КИСЕЛА ВОДА: поголем дел од нас. Кисела Вода и населба 11 Октомври, населба Припор и дел од с. Сопиште,
СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ: Поголем дел од нас. Аеродром , зграда на Македонија Табак, фабрика Алкалоид Билкарство.