Поради овие причини Монтреал е жариштето на ковид-19 во Канада

Од 70.000 заразени и 5.000 мртви во цел Квебек, во овој град од два милиони жители, има 20.000 заразени и повеќе од 2.000 починати, или околу 64 отсто од вкупниот број починати во целата провинција.

448

Монтреал е средиште на корона кризата во Канада, а покраината Квебек е седмото најсмртоносно место на светот по бројот на дневни смртни случаи, објави „Гардијан“.

Монтреал, град кој туристичките водичи го прогласуваат за „Европа на Северна Америка“, поради својата богата култура и начинот на живот, е епицентар на епидемијата од ковид -19 во Канада.






Од 70.000 заразени и 5.000 мртви во цел Квебек, во овој град од два милиони жители, има 20.000 заразени и повеќе од 2.000 починати, или околу 64 отсто од вкупниот број починати во целата провинција.

Во принцип градот се придржува до наредбите за останување дома. Но, зошто тогаш толку луѓе се разболуваат и умираат?

Многумина заразени со коронавирусот се луѓе кои веќе доживуваат системска нееднаквост, сиромаштија и дискриминација – што ги отвора прашањата кои постоеја многу пред вирусот и кои сега се уште повидливи.

Прво, се работи за старите луѓе. Монтреалски „Ле прес“ откри дека локалниот старечки дом, познат како „CHSLD“, прикрил смрт на 31 штитеник. Повеќето од нив починале откако поголем број од персоналот ја напуштило установата, а последните денови старите лица ги поминале без вода, храна и чисти пелени.

Податоците на покраината Квебек покажуваат дека околу 82 отсто од починатите живееле во старечки домови. Од вкупно 2.003 мртви во Монтреал, 74 отсто биле постари од 80 години, а 97 отсто постари од 60 години.

Другиот дел од приказната за Монтреал е приказна за мигрантите, жители на населбата Северен Монтреал, една од најсиромашните населби во цела Канада, каде живеат голем број азиланти. Половина од жителите на оваа населба се припадници на видливото малцинство, а 42 проценти се имигранти. Многу од нив сега работат без државјанство, во старечки домови, а потоа си одат дома во пренатрупани станови кои ги делат со семејството и пријателите.

Секој петти заразен жител на Монтреал е здравствен работник, а од нив никој не добива надомест за опасност. Во населбата Северен Монтреал заразени се 23 отсто од луѓето, тврди активистот на заедницата Вил Проспер.

– Луѓето кои не така одамна сакавме да ги избркаме, сега се грижат за нас – вели Проспер.

Слично е и со другите области на Монтреал тешко погодени од епидемијата: ниските примања, големите заедници на имигранти, многу луѓе со друга боја на кожата, живот со лош квалитет.

Нарџес Мустафа, активистка и претседателка на организацијата за зајакнување на младите „Худсток“, наведува долг список на причини заради кои ковид-19 толку длабоко ја погоди оваа населба: недостаток на здравствени услуги, луѓето кои живеат во пренатрупани станови, лоши односи со полицијата.

Исто така, 42 проценти од популацијата е составена од семејства со еден родител, што дополнително ја отежнува грижата за децата. Недостаток на пристап до интернет го отежнува добивањето каква и да е помош и информација, кои се пренесуваат единствено на тој начин.

– Способноста за социјална дистанца е привилегија. Тешко е да се применат мерките во Северен Монтреал – вели таа.

Поврзани содржини