Потребата на младите луѓе да се експонираат на социјалните мрежи со разни шеги и подметувања во последно време, особено на ТикТок, завршила во овој случај со солзи за главниот јунак од видеото, но и за двајцата негови соработници.
Судот во Казабланка му доделил три години затворска казна, a „споредниот актер“ и девојката која го снимила тој скеч добиле по две години. На пресудата немаат право на жалба, па така тие ќе одат во затвор.
Возачот на трамвајот добил оштета 40.000 марокански дирхами, а на социјалните мрежи почнала дебата дали казната е навистина соодветна за овој злочин.
На неименуваните млади луѓе им паднало на памет да го прекинат трамвајскиот превоз, и тоа така што на пругата поставиле на која пристигнало и кафе за момчето кое седело на пругата.
Возачот успеал да сопре во последен миг, но она за што младите луѓе мислеле дека е смешно, судот го оценил и како загрозување на патниците, а предвид го земал и фактот дека возачот ќе можел да се соочува со доживотна траума доколку дошло до трагедија.
ФОТО: Јутјуб