Поради оваа фотографија Ракитиќ ќе мора да ја напушти Барселона
Тој го навлече гневот кај навивачите кога реши на Инстаграм да објави фотографии од своите омилени моменти во кариерата.
Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ повторно е мета на навивачите на Барселона, а овојпат поради фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил.
Тој го навлече гневот кај навивачите кога реши на Инстаграм да објави фотографии од своите омилени моменти во кариерата.
Па така, во неговата листа се најдоа фотографии од Ракитиќ во дресот на Базел и Шалке 04, моментот на освојување на трофејот во Лига Европа како капитен на Севиља, како и една фотографија од трофејот од Лигата на шампионите како играч на Барселона во 2015 година.
Сепак, проблемот се јави кога ја објави последната фотографија. Имено, станува збор за натпреварот Хрватска-Аргентина на Светското првенство во 2018 година, кога хрватските фудбалери славеа со 3:0.
На фотографијата се гледа како Ракитиќ успешно го дрибла својот клупски колега Лионел Меси, кој остана да лежи на тревата.
Навивачите на Барселона и фановите на Меси веднаш оставија безброј негативни коментари под фотографијата и побараа од него да го напушти клубот следното лето.
