ПОРАДИ ОВА ИЗБИ ОПШТАТА ТЕПАЧКА ВО ФРАНЦИЈА Навивачите го удрија во грб, а неговиот тим ќе загуби! (ВИДЕО)
Ние сме виновни? Вие сте луди - им замери тренерот на своите колеги од противничкиот тим, кои го обвинија него и неговите играчи дека ги провоцирале навивачите.
Ница најверојатно ќе победи на „зелената маса“, што е навистина преседан ако се земе предвид дека инцидентите беа предизвикани од нивните навивачи. Паје бурно реагираше, сепак …
Страшни сцени од натпреварот Ница-Марсеј ја обиколија целата планета. Мечот беше прекинат во 75 минута откако навивачите на Ница истрчаа на теренот, откако Димитри Паје го врати шишето со вода со кое претходно го удрија во грбот.
Nice-Marseille 💀💀💀 pic.twitter.com/NsNWkl8BPn
— Yes X 🇦🇺🇨🇦 (@Jamnic_) August 22, 2021
На теренот настана општа гужва, „летаа“ тупаници додека обезбедувањето се обидуваше да ги спречи навивачите на Ница, а по неколку минути играчите на двата тима се повлекоа во соблекувалните додека ситуацијата не се смири. Епилогот го беше познат нешто по полноќ – Марсеј одби да се врати на теренот и најверојатно ќе го загуби мечот со службен резултат.
По пауза од еден час, играчите на Ница се вратија на теренот и дури ја зазедоа позицијата да го „одбранат“ корнерот пред да дојде до прекин, но фудбалерите на Марсеј, плашејќи се за својата сигурност, не се појавија.
Тренерот на Олимпик Марсеј, Хорхе Сампаоли жестоко ги бранеше своите играчи по хаосот што го предизвикаа навивачите на Ница, на синоќешниот натпревар во рамки од Лига 1.
– Ние сме виновни? Вие сте луди – им замери Аргентинецот на своите колеги од противничкиот тим, кои го обвинија него и неговите играчи дека ги провоцирале навивачите.Малку е бизарно што Ница ќе биде наградена за инцидентот што го започнаа нивните навивачи, додека фудбалерите на Марсеј дефинитивно поминаа полошо. Луан Перез и Матео Гендузи споделија фотографии на кои се гледа дека се дури и задавени, додека Димитри Паје покажа гребаница од шише што го погоди во грбот.
Matteo Guendouzi & Luan Peres with strangle marks on their necks. (RMC) pic.twitter.com/oDvvspK5OB
— Get French Football News (@GFFN) August 22, 2021
И таму започна сѐ.
Во Марсеј се бранат и тврдат дека судијата им рекол дека нема безбедносни гаранции, и затоа не сакале да ја завршат играта, што ни кажува дека ќе „бркаат“ бодови од овој натпревар, кој беше прекинат при резулатат 1:0.
Погледнете го моментот кога Паје беше погоден со шишето во грбот.
He got attacked pic.twitter.com/Uz4N5nyglN
— mx (SUSPENDED) (@MessiMX30i) August 22, 2021