ПОРАДИ НЕГАТИВНИТЕ РЕАКЦИИ И ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СИЛУВАЊЕ Отстранета восочната фигура на Жерар Депардје во музеј во Париз

Восочната фигура на познатиот француски актер Жерар Депардје е отстранета од главната патека на музејот „Гревин“ во Париз, дозна АФП од управата на познатиот музеј на восочни фигури на славните личности.

169

Восочната фигура на познатиот француски актер Жерар Депардје е отстранета од главната патека на музејот „Гревин“ во Париз, дозна АФП од управата на познатиот музеј на восочни фигури на славните личности.

Одлуката за повлекување на фигурата е донесена поради негативните реакции на посетителите на музејот и коментарите на социјалните мрежи, соопшти управата на музејот.






„Гривен“, отворен во 1882 година, годишно го посетуваат 800.000 луѓе. Музејот има восочни фигури од 250 историски и современи личности. Депардје ја доби својата фигура во 1981 година.

Неодамна емитуваната репортажа за актерот на јавната телевизија Франс 2 предизвика бран огорченост во Франција и во светот.

Депардје, веќе под обвинение за силување, во репортажата има навредливи забелешки за жените. Во емисијата, актерот дава непримерни коментари, гестикулирајќи и испуштајќи врева за да ги имитира сексуалните односи што ги има со жените.

По емисијата, актерот е отстранет од Националниот ред на Квебек и му е одземена титулата почесен граѓанин на градот Етемпуи, во Белгија.

Француската министерка за култура Рима Абдул Малак изјави дека Депардје е „срам“ за Франција. Министерката најави дисциплинска постапка за повлекување на престижната награда Легија на честа што му беше доделена на актерот.

Семејството на актерот вели дека станува збор за „заговор“ против Депардје. Семејството изрази жалење за „колективниот гнев“ кон Депардје, додавајќи дека тој приватно со „неговите деца е некој исклучително скромен, деликатен и пристапен“.

Веќе обвинет за силување, францускиот актер од средината на септември беше мета на уште една поплака од актерка која го обвинува дека сексуално ја нападнал за време на снимањето на филм во 2007 година.

Депардје ги негираше обвинувањата.

Актерот, познат ширум светот, има кариера испрекината со ексцеси и скандали. Се прослави во филмовите „Сирано де Бержерак“, „Човекот со железна маска“, „Последното метро“, „Ќерката на мускетарот“, „Животот на Пи“ и „Астерикс и Обеликс“.

Поврзани содржини