Поради ковид-19 затвореници палат оган и кршат прозорци… (ВИДЕО)
Немирите започнале вчера, четири дена откако локалните медиуми открија дека во затворот е прогласена вонредна состојба поради двата случаи на коронавируc.
Осуденици во бризбејнскиот затвор со најголем степен на обезбедување палеа оган, ги кршеа прозорците и ги потопија своите ќелии незадоволни од малиот број на вработени поради вонредните мерки.
Немирите започнале вчера, четири дена откако локалните медиуми открија дека во затворот е прогласена вонредна состојба поради двата случаи на коронавирус, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.
Фактот дека управата на затворот немала замена за заболените од коронавирус резултирала со проблеми во дистрибуцијата на храна и лекови.
Поради воведувањето на вонредната ситуација во австралискиот затвор, организациите за заштита на човековите права изразија загриженост дека осудениците останале без стручна правна помош и основни намирници.