Поради ковид-19 печалбарите нема да можат дома да праќаат пари
Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот ќе падне за 20 проценти во оваа година.
Пандемијата на коронавирусот доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите што им ги испраќаат.
Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот ќе падне за 20 проценти во оваа година.
Се проценува дека најсиромашните луѓе во светот кои живеат со пари на роднини од странство, ќе бидат лишени од околу 100 милијарди долари, јавува „CNN“.
За споредба, падот на вредноста на дознаките од странство заради светската економска криза во 2009 година беше 5 проценти.