Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во Словенија, унгарските власти решија да постават гранична контрола меѓу двете земји.
Како што јави дописникот на МИА, властите во Будимпешта се решија на ваков чекор по зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Словенија.
Сите оние кои се од Италија, Кина, Јужна Кореа или Иран ќе им биде забранет влез во земјата. Унгарските граѓани кои доаѓаат од ризичните подрачја, ќе мора да бидат во 14 дневен карантин.
Освен кон Словенија, официјална Будимпешта реши да постави ваква гранична контрола и кон Австрија.