Поради контакт со Лукаревска во изолација одат десетина службеници на УЈП
Во самоизолација се и нејзините родители, кои ги чекаат резултатите од тестовите.
Десетина службеници во генералната дирекција на УЈП ќе бидат ставени во самоизолација, поради контакт со директорката Сања Лукаревска, која денеска објави дека е позитивна на тестот за корона вирусот, пренесе „ТВ 24“.
Лукаревска за „ТВ 24“ вели дека контактите и состаноците во УЈП за цело време на кризата се сведени на минимум, осен за клучни прашања, се користеле интернет алатките за комуникација.
„Внимававме и ги почитувавме сите препораки, но сепак превентивно десетина лица од генералната дирекција на УЈП ќе бидат пријавени од моја страна во анкетата кај епидемиолозите за да направат тестирање“, вели Лукаревска.
Во самоизолација се и нејзините родители, кои ги чекаат резултатите од тестовите.
Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.