Грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, најави писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за логото кое го користи Македонија во нејзиниот прв настап на континенталните собири и поради името на Фудбалската федерација на Македонија. За Грција, спорно е името на ФФМ, бидејќи не го содржи терминот Северна, пренесува Екатимерини.
Нашиот јужен сосед реагира поради амблемот на ФФМ што стои на дресовите на нашата селекција и забележуваат на објавата на претседателот Муамед Сејдини на својот профил на Фејсбук, каде сподели информација дека Македонија ќе игра со старите дресови на Европското првенство.
Грчкиот официјален претставник рече дека на дресот може да стои СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија), но не и ФФМ, што не ја содржи ознаката договорена според договорот од Преспа во 2018 година.
Грција не учествува на Европското фудбалско првенство, бидејќи не обезбеди пласман.