ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ ГОРЕШТИНИ ВО ГРЦИЈА Акрополот во Атина затворен за туристите
Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално.
Поради високите температури најавени за денеска, во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да ги отвори портите во 17 часот.
Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално.
Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.