Поради голем интерес, концертот на „Рибља чорба“ во Скопје на нова локација

1,071

Поради огромен интерес на публиката за најавениот концерт во Скопје на „Рибља чорба“, ќе биде сменета првичната локација.

Наместо да се одржи на отворениот простор пред „А1 арената“, ќе се случи на паркингот кој граничи со Аква паркот, на 27 јуни.






– Локацијата собира 15.000 посетители и тоа ни овозможува да пуштиме дополнителни 1.000 влезници во продажба, бидејќи планираните 2.500 се пред распродавање. Тоа значи дека ќе се користи само 30 отсто од капацитетот што овозможува исполнување на протоколите – појаснуваат од „Авалон продукција“, кои се организатори на концертот.

Влезниците се продаваат по цена од 600 денари.

Поврзани содржини