ПОРАДИ ГЕНОЦИДОТ НА ИЗРАЕЛ, ВОЈНАТА ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН Ердоган предупредува за опасноста на новите напади врз Либан
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, нагласи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.
Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат ширење на војната во целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк.
– Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот – рече Ердоган.
Тој нагласи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.
Турскиот претседател оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.