Британката Ив Гибни дознала дека нејзиниот сопруг Морис е бигамист откако сосема случајно видела фотографија од неговата венчавка со друга жена, пишува „Мирор“.
Таа објаснила дека се омажила за него по само три месеци врска и дека се запознале во Нигерија, а дури по 17 години заеднички живот дознала дека не е единствената жена во неговиот живот.
– Најсилното чувство е она на апсолутно предавство. Тоа не беше само афера. Бракот е завет на љубовта и посветеноса и обврзувањето. Кога сте во среќна врска, вакво нешто не ти паѓа на памет – изјавила таа за „Мирор“.
„Јас бев жртва на бигамија, но барем нешто добро излезе од ова. Моите синови“, додала таа.
Морис честопати заминувал од дома на подолго време додека работел на нафтена платформа на Блискиот исток. Сузана Прудо, неговата втора сопруга, ја запознал во Оман во септември 2011 година. Се свршиле осум месеци подоцна и се венчале во март 2013 година.
Два месеца порано, Морис и Ив решиле да се разведат поради големата оддалеченост, но тие сè уште биле официјално во брак. За тоа време, Морис се оженил по вторпат па поради тоа добил условна казна.
Ив раскажала како дознала за аферата.
– Гледав фотографии од неговото семејство на Фејсбук и видов една на која неговата сестра беше свечено облечена и позираше со уште некои други луѓе кои изгледаа како да се подготвуваат да присуствуваат на венчавка. Почнав да се сомневам, но мојата пријателка рече дека е лудо да помислам дека мојот сопруг се оженил со друга. На крајот, се покажа дека моето чувство било исправно – рекла таа.