ПОРАДИ ЕДЕН ДЕТАЉ Обожавателите се убедени дека Ева Мендес и Рајан Гослинг се венчале (ФОТО)

Актерката Ева Мендес (48) со својата последна објава на Инстаграм навести дека таа и Рајан Гослинг (42) направиле нов чекор во нивната долгогодишна врска.

566

Актерката Ева Мендес (48) со својата последна објава на Инстаграм навести дека таа и Рајан Гослинг (42) направиле нов чекор во нивната долгогодишна врска.

Мендес објави фотографија на која позира во жолт топ, покривајќи дел од лицето со раката. На нејзиниот лев зглоб има тетоважа на која пишува „де Гослинг“ – форма што се користи во шпанската култура за комбинирање на презимето на жената со презимето на нејзиниот сопруг по бракот.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)


Пријател на Ева во коментар ја прашал дали се работи за нова тетоважа.

– Стара е, си ја видел многу пати. Те сакам ф – одговорила Ева.

Во септември таа сподели фотографија на која исто така се гледа истата тетоважа додека со раката покажувала на цвеќиња. Веќе тогаш, многумина заклучија дека тоа е знак дека Гослинг и Мендес го кажале судбоносното „да“.

Да потсетиме, Рајан и Ева се заедно 11 години и решија да ја држат својата врска приватна. Двојката има две ќерки, Есмералда (8) и Амада (6).

Мендес и Гослинг се запознаа на сетот на филмот „Гревовите на татковците“ во 2011 година, во кој глумеа пар со бебе.

 


Нивната хемија на екранот прерасна во љубов во реалниот живот. Недолго по снимањето на филмот, парот беше виден во романтична атмосфера во Париз.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини