ПОРАДИ ДОЦНЕЊЕ „РАЈАНЕР“ Е КАЗНЕТ ВО ХОЛАНДИЈА Авиокомпанијата е исклучена од 2 термина на слетување на аеродромот во Ајндховен

Координацијата на аеродромите на Холандија (ACNL), телото кое доделува термини, откри дека „Рајанер“ доцнел на летовите од Софија во понеделник навечер и од Пиза во четврток навечер, објави Ројтерс.

42

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ изгуби два од своите термина за слетување на аеродромот во Ајндховен поради чести доцнења на летовите, објави холандскиот весник „Ејндховенс Дагблад“.

Координацијата на аеродромите на Холандија (ACNL), телото кое доделува термини, откри дека „Рајанер“ доцнел на летовите од Софија во понеделник навечер и од Пиза во четврток навечер, објави Ројтерс.






Како резултат на тоа, авиокомпанијата е исклучена од два термина во следниот летен распоред, казна што ретко се изрекува, објави весникот.

ACNL и „Рајанер“ не одговорија на барањата за коментар.

Поврзани содржини