Поради „безобразното, вулгарно и невкусно деколте“, не сакале да ја пуштат во авион – дали се согласувате со одлуката?! (ВИДЕО)

Oваа жена од Чикаго, се пожалила на друштвената мрежа „Твитер“, дека не и било дозволено да влезе во авионот, поради својот изглед.

1,337

Една патничка доживела многу непријатна ситуација, кога и бил забранет влез на летот на „Southwest Airlines“, поради вулгарното, безобразно и невкусно деколте.

Oваа жена од Чикаго, се пожалила на друштвената мрежа „Твитер“, дека не и било дозволено да влезе во авионот, поради својот изглед, кога вработените на аеродромот и рекле дека нејзината облекла не била соодветна и премногу отворена.

 






– Ме исфрлија од летот затоа што моите гради биле „вулгарни, безобразни и невкусни“. Ми беше речено дека патниците би можеле да гледаат во мене, во мојата облека и да се навредат. Ме интересира зошто го прават ова. Како мојата облека влијае на летот за мене, за другите или на пилотот? Според мене ова е дискриминација на женското тело. Ме држеа половина час, бараа причини, затоа што таков е правилникот на компанијата – напиша Кајла Еубукс под фотографијата на која била прикажано како е облечена.

 

Тогаш пристигнал пилотот и направил несекојдневен потег.

– Капетанот ми позајми маица за да можам да влезам во авионот. На крај ја соблеков и ми беше речено дека ќе морам да разговарам со одговорните лица при слетувањето – вели Кајла.

 

Компанијата потоа лично и се извинила на патничката и и понудиле да и ги вратат парите.

 

Поврзани содржини