🎥 ПОПУСТО СЕ ЗАКАНУВААТ „КОМАНДАНТИТЕ“ ОД ДУИ, ЌЕ ГО БРАНЕЛЕ „ВОЕНИОТ ПЛЕН“ Мицкоски очекува партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ да биде коалицијата Вреди

Ако еднаш правилото „победник со победник“ било прекршено, како во 2016 година, независно какви биле интересите тогаш, тоа правило повеќе не важи, објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во поткастот на Плусинфо.

2,276

ВМРО-ДПМНЕ, партија која ќе биде сигурен победник на парла ментарните избори в среда на 8 мај, дури и да освои 61 пратеничлки мандат, за свој коалициски партнер во идната влада ја посакува киолаицијата Вреди, но во кабвинетот ќе има место и за претставници на другите етничлки заедници.

Ова за поткастот на Плусинфо го изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.






– До пред само неколку месеци СДСМ и ДУИ имаа едногласие дека ќе имаат заеднички претседателски кандидат и зборуваа дури и за заедничлики листи за парлaментарните избори избори. За само три месеци велат, е ние сега сакаме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. И верлат, ако не, ќе видите што ќе направиме. Не можат така да се однесуваат – вели Ахмети.

На прашањето што може да направи ДУИ во таква ситуација, што може четата на Али Ахмети, командантите, Мицкоски одговара:

– Тие команданти, кои немаа пет пари во џебот во 2001 година, сега се милионери. Со хациенди како на блискоистични шеици. И многу тешко, во овие услови, би го жртвувале сето тоа. Но, дека ќе се обидат да прават било какви немири, дека ќе се обидат да го заштитат она што го имаат… Како што рече Али ахмети во една прилика на локалните избори 2021 – воен плен. Така тој се изрази за Кичево и за Дебар, рече – воен плен. Воениот плен сега е „Соравија“, ролс-ројсот на сватовите, становите и дуќаните во центарот на градот, тупаниците што ги делат нивните разбојници по институциите како Контролата на летање… Тоа ќе се обидат да го заштитат. Ние, како идна влада, ќе се потрудиме да ги заштитиме системот, државата и интситуциите. Ние сме подготвени на тоа, имаме план како да одговориме.

Мицкоски вели дека нема притисоци од странскиот фактор врз ВМРО-ДПМНЕ за тоа со кого мора да коалицира победникот на изборите.

– Ако еднаш правилото „победник со победник“ било прекршено, како во 2016 година, независно какви биле интересите тогаш, тоа правило повеќе не важи. Ние не сме ниту федерација, ниту бинационална држава. ВМРО-ДПМНЕ два пати подаде рака. И до коалциијата Вреди и до партиите од македонскиот опозициски блок за општествено и национално обединување. Но, ние сега сме фокѕусирани на изборите, бидејќи без бројки не можќеме да зборуваме. За нас е најважна коалицијата со народот – вели Мицкоски.

Проследете го целото интервју со Мицкоски во поткастот на Плусинфо:

Поврзани содржини