ПОПУСТО ЌЕ ВРТИТЕ ЗА „ВРСКИ“ Со „сејф сити“ казната ќе ве стигне и за минување на жолто

15,907

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне и и ќе ви стигне порака, а ќе ја добиете и во поштенското сандаче. Залудни ќе бидат сите вртења по телефон на пријатели бидејќи бројот на системот ќе го немате. Таков не постои.

Камерите од „сејф сити“ ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. 90 проценти од поставувањето и инсталацијата веќе е завршено, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го постави целосно системот Безбеден град.






– Поминување на црвено и пречекорена брзина ќе бидат главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео наздзорот и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи – вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски за телевизија Алфа.

Поврзани содржини