Популарниот рапер изрешетан среде улица, убиен со седум куршуми ВИДЕО

826

Младиот американски рапер Ник Бликски е застрелан во Бруклин во престрелка со огнено оружје а од прострелните рани починал во болница, потврдила полицијата, пренесе „Њујорк пост“.

Бликски, роден како Никалаус Томсон, пронајден е на улица во локва крв откако бил застрелан во торзото, велат од полицијата, а на социјалните мрежи неговите пријатели, соработници и обожаватели се простуваат од младиот рапер.






– Седум пати беше пукано во него – изјавил сведок на престрелката.

Само неколку часа пред да биде убиен Ник на социјалните мрежи објавил фотографија од новиот албум, кој требало да излезе на почетокот на јуни.

„Дали сте подготвени? Коментирајте ако сте“, напиша раперот, а само неколку часа подоцна музиката падна во втор план, а неговите обожаватели изразуваа сочувство и неверување во коментарите.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини